ВИНЧИНИ АКАДЕМИЈА
ИНСТРУКТОРИ

инструктори
винчини академија

инструктори

АЛЕКСАНДРА ТРАЈКОВА

ВОДИЧ НА ОБУКАТА

Александра  има дипломирано на “Технолошко металуршкиот” факултет во Скопје на насока Прехранбена технологија и биотехнологија, модул Прехранбена технологија. Живее во Виница, а во компанијата “Макпрогрес” работи 4 години, од кои три како контролор за квалитет. Моментално работи во секторот истражување и развој.

АЛЕКСАНДАР АТАНАСОВ

ВОДИЧ НА ОБУКАТА

Дипломиран електро инженер на Факултетот за Електротехника и информациски технологии. Во Макпрогрес работи 6 години во секторот одржување и развој како раководител на секторот развој и автоматизација.

АЦО ЛАЗАРОВ

ИНСТРУКТОР

Дипломиран машински инженер, кој работи на позиција ИТ девелопер и унапредувач на процедури. Во компанијата Макпрогрес работи 6 години на дигитализација на процесите во фабриката. Работи на воведување електронска евиденција секаде каде тоа е можно, централно и структурирано водење на податоците, воведување на можности за внес и анализа, со цел намалување на време за пребарување, намалување на грешки, полесно правење на извештаи и електронска архива. Користење на надворешен и сопствен изработен софтвер кој решава уникатни проблеми кои со тек на развојот на компанијата се издвоиле како специфични.

ЛАТИНКА АНГЕЛОВА

ИНСТРУКТОР

Дипломиран технолог, смер прехрамбено биотехнолошко инженерство. Има 26 години работно искуство, од кои 15 години во Макпрогрес каде работи како раководител на производство. Латинка е искусен раководител на производтство каде се грижи за планот на сите производни линии без разлика дали се за извоз или домашен пазар. Одговорно се грижи за делот на човечки ресурси и правата на сите вработени. За работната позиција на Латинка треба да се имаат менаџерски капацитети и лидерски предиспозиции.

МАГДАЛЕНА АТАНАСОВА

ИНСТРУКТОР

Дипломиран хемиски инженер на Природно математичкиот факултет во Скопје. Вработена во компанијата Макпрогрес од 2007 година каде се надоградува и се стекнува со работно искуство во производствениот процес. Го проширува своето знаење со работење во секторот за контрола на квалитет, работење на проекти во секторот истражување и развој на нови производи и модифицирање на веќе постоечките како и интерен проверувач на стандардот IFS Food. Моменталните работи како менаџер за контрола на квалитет, истражување и развој на нови производи, развој на технолошкиот дел при пуштање на производство на нов производ, обука на вработените на соодветните позиции како и воспоставување на стандарден квалитет на производот при континуирано производство.

САШКО АТАНАСОВ

ИНСТРУКТОР

Сашко Атанасов по професија е дипломиран инжинер технолог во областа на прехранбенататехнологија. Дипломирал на Технолошко технички факултет во Штип, има 25 години и живее во општина Виница. Кариерата во компанијата Макпрогрес ја започнал пред околу година и половина како технолог во тековно производство. Работата како прехранбен технолог е интересна и предизвикувачка, а секојдневието разновидно и исполнувачко.

ТРАЈЧЕ ДИМИТРОВСКИ

ИНСТРУКТОР

Трајче Димитровски, роден 1987 година е дипломиран биолог инженер со завршени додипломски студии на Биохемиско-физиолошка насока при Природно-математичкиот Факултет – Скопје и постдипломски студии од втор циклус при Земјоделски Институт – Скопје. Работи во секторот за Контрола на квалитет при Макпрогрес ДОО Виница од 2011 година. Главни очекувања од Академијата се континуирано проширување на знаењата и искуствата преку взаемна размена на информации со останатите учесници во обуките и предавањата.

Орце Мицов

ИНСТРУКТОР

Дипломиран Инженер по Металургија на Технолошко Металуршкиот Факултет во Скопје. Во Макпрогрес работи 15 години како раководител на смена, а од 2017 година работи како референт за безбедност и здравје при работа, управување со отпад и животна средина.