Потпишан Меморандум и Договор за соработка со СОУ “Гошо Викентиев“ од Кочани

Макпрогрес Доо Виница и  СОУ “Гошо Викентиев“ од Кочани потпишаа меморандум и договор за соработка кој ќе има за цел воспоставување на соработка на полето на образованието и науката помеѓу страните потписнички.  Всушност оваа соработка подразбира изведување на феријална практика за учениците од СОУ “Гошо Викентиев“ – Кочани  во компанијата “Макпрогрес“ – Виница, како партнер во дуалното образование почнувајќи од учебната 2021/2022 година.

Компанијата “Макпрогрес“ е отворена и согласна за формирање на дуална паралелка и би прифатила ученици од електротехничката струка, профил електротехничар енергетичар.