АКАДЕМИЈА ЗА
претприемништво и менаџмент

програма
ПРОГРЕСИВ АКАДЕМИЈА

програма

Академијата за Претприемништво и Менаџмент е дел од Фондацијата „Прогресив Академија“  Виница чија визија е развој на вештини преку квалитетни едукативни програми, унапредување на техничките знаења, акцелераторски програми и активности за истражување и развој. Академијата за Претприемништво и Менаџмент има за цел да овозможи личен и професионален развој на менаџери и бизнис лидери преку користење на најновите светски трендови и знаења од областа на менаџментот. Академијата е првата сертифицирана програма за претприемништво и менаџмент во Македонија со решение за верификација број УП1бр.10-55 издадено од Центар за образовние на возрасни на 22.07.2021 година. 

Академијата започнува со упис на кандидати во 2021 година. Од тогаш повеќе од 40 кандидати ја комплетираа програмата и се стекнаа со јавна исправа издадена од МОН. Погледнете ја листата на АЛУМНИ на овој ЛИНК

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПРОГРАМАТА

  • Сопственици на компании кои сакаат да го развијат својот бизнис
  • Втора генерација наследници кои треба да го превземат бизнисот
  • Менаџмент на мали, средни и големи компании, во домашна или странска сопственост
  • Инженери и технички лица на менаџерски позиции и на кои им се потребни нови алатки и вештини од областа на менаџментот 
  • Поединци коои сакаат да ги надоградат своите знаења
  • Стартап фирми и млади талентирани луѓе кои сакаат да се развиваат професионално

КОИ ТЕМИ СЕ ИЗУЧУВААТ

Наставната програма се состои од шест модули кои ги покриваат сите сегменти на управувањето со комапниите и со кои учесниците ќе ги развијат своите вештини и компетенции за водење на бизнис. Дел од темите кои се изучуваат се:

  • развој на бизнис стратегија
  • управување со семејни компании
  • ефикасни бизнис процеси
  • анализа на финансиски извештаи
  • бизнис планирање
  • организациска трансформација
  • корпоративни иновации
  • вештачка интелегенција
  • маркетинг и продажби
  • управување со таленти, менторинг и коучинг
  • ефикасни деловни комуникации
  • развој на лидерски вештини

КАКВИ ВЕШТИНИ ЌЕ СТЕКНЕТЕ

Со оваа обука учесниците ќе се стекнат со алатки за управување со бизнис процесите, управување со луѓе и користење на најновите технологии за развој на бизнисот. Учесниците ќе развијат меки и когнитивни вештини за логично и креативно размислување со цел зајакнување на нивниот менаџерски и лидерски авторитет, отвореност кон нови идеи и развој на иновации, како и развој на својот личен и професионален интегритет. Програмата дава уникатна можност за вмрежување со менаџери од други компании и индустрии, со што при активна дискусија и размена на идеи, дополнително се збогатуваат знаењата на учесниците.

    План на програма
    1Модул 1: Деловна стратегија и бизнис процеси 12часа/теорија12часа/пракса
    2Модул 2: Организациска трансформација12часа/теорија12часа/пракса
    3Модул 3: Корпоративна иновација 12часа/теорија12часа/пракса
    4Модул 4: Продажба и маркетинг 12часа/теорија12часа/пракса
    5Модул 5: Финансии за топ менаџмент12часа/теорија12часа/пракса
    6Модул 6: Лидерство и деловни комуникации12часа/ теорија 12часа/пракса
     Вкупно  часови 72 часа72 часа
        
    Вкупно за подготвителна настава3232
    Вкупно часови208

     

    РАСОПОРЕД

    РАСПОРЕД

    Програмата започнува на 1ви Ноември 2024 година и завршува на 10ти Мај 2025 година. Наставата се одвива два пати месечно во петок и сабота од 10:00 – 17:00 часот. Детален распоред има на следниот ЛИНК. Наставната програма е во времетрање од 24 дена, или вкупно 208 часови, од кои 144 часови се предавање, а 64 часови се подготвителна настава.
    Часовите ќе се спроведуваат на следниот начин:

    • Фонд на часови за теорија – 144
    • Подготвителни часови – 64
    • Вкупно часови – 208
    • Вкупен број на модули –
    • Вкупен број на денови на настава – 24

    Програмата ја предаваат докажани предавачи кои преку интерактивни предавања, симулации, алатки за личен развој и наставни модули според последните светски трендови неопходни за водење бизнис на глобално ниво. За време на часовите, ќе бидат обезбедени:

    • материјали за учење
    • дискусии во група
    • симулации
    • работа на случај
    • гости говорници
    • презентации