Основните училишта од Оризари, Зрновци, Блатец и Драгобраште на „Отворен ден“ во Винчини Развоен Центар со средното училиште “Ванчо Прке“ и компанијата “МАКПРОГРЕС“

Вчера Винчини Развојниот Центар ги отвори вратите за идните средношколци од Оризари, Зрновци, Блатец и Драгобраште. Претставници од средното општинско училиште “Ванчо Прке“ – Виница ги преставија струките и образовните профили кои ќе се изучуваат во него преку вежби и активности кои тие ги имаат за време на часовите. Хемиско-технолошка, машинска, текстилно-кожарска и сообраќајна струка, се струките кои можат да ги бираат деветтоодделенците од опшината.

Пред учениците се промовираше  и компанијата Макпрогрес за хемиско-технолошката струка и дуалното образование. Всушност на настанот се претставија технолозите од компанијата, кои на учениците им ја преставија својата работа, но и потребата од работна сила која пак соодветствува со образовните профили кои се изучуваат во училиштето. За учениците од оваа струка компанијата Макпрогрес широко ќе ги отвори своите врати  и ќе ги запознае со основните процеси на кондиторското производство преку практични примери од реално опкружување, ќе им овозможи на учениците сами да развиваат нови производи во пилот постројката која ќе биде дел од фондацијата Прогресив Академија, како и можности за вработување по завршување на учењето.

На настанот свое обраќање имаа Орце Павлов, професор по македонски јазик и литература од СОУ „Ванчо Прке“-Виница, Маја Цветанова, маркетин менаџер, Александра Кирилова, директор на фондација Прогресив Академија, Марија Михаилова, менаџер за контрола на квалитет, Трајче Димитровски, специјалист за сензорика и координатор за дуално образование, Александра Трајкова, технолог во сектор за истражување и развој и Александра Ефтимов, менаџер на сектор за истражување и развој.

Идни средношколци, ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !!!