Вчера, во просториите на новиот иновативен развоен центар во рамките на Фондација Прогресив Академија се одржа Отворен ден за промоција на компанијата Макпрогрес на учениците од средното општинско училиште Љупчо Сантов од Кочани.
Овој настан понуди широки можности за учениците да размислуваат и дискутираат со претставниците на компаниите, за важни теми и прашања во врска со нивната професионална и лична ориентација и развој, како и за нивно идно вработување. Преку оваа средба се креира една одлична соработка, којашто придонесе учениците да се осознаат себеси, а претставниците од компаниите да се запознаат и добијат целосна слика за профилите на учениците кои завршуваат и кои ќе се најдат на пазарот на труд.
На настанот свое обраќање имаа Маја Цветанова, раководител на сектор маркетинг, Ацо Лазаров, програмер, Александар Атанасов, раководител на секторот развој и автоматизација, Камелија Апостолова, графички дизајнер, Латинка Ангелова, раководител на производство, Магделена Атанасова, менаџер за контрола на квалитет, Сашко Атанасов, прехранбен технолог, Фросина Мешкова, сопственик и управител на VIO labs и косопственик и управител на BIONOVEL, Славчо Анакиевски, практикант од факултет за туризам отсек гастрономија и исхрана во Хотел ресторант „Александар Парк“- Виница, Лилјана Маркова, раководител на сектор човечки ресурси и Александра Кирилова, директор на Фондација Прогресив Академија.
Секој нов чекор е тежок на почеток, но со посветеност, трпеливост и работа води кон восхитувачки крај. Задоволството и насмевката на лицата на учениците по завршувањето на настанот го потврди токму тоа.