Посета на учениците од прехранбениот смер во гимназијата “Ванчо Прке“ од Виница во иновативниот тренинг центар

 

Учениците од дуалната прехранбена паралелка при гимназијата СОУ Ванчо Прке од Виница, го посетија новиот иновативен развоен центар во Виница.

Целта на посетата беше информативна и едукативна во однос на запознавање на самите ученици со просторот и активностите кои ќе бидат дел од нивната секојдневна настава. Свое обраќање имаше директорката на Фондација Прогресив Академија, Александра Кирилова, како и маркетинг менаџерот на Макпрогрес, Маја Цветанова, се со цел за подобро и подетално претставување на компанијата. Секако тука беа и технолозите кој што практично на учениците од прехранбена паралелка  им претставија процес на подготовка на тесто и печење на истото.

На учениците од прехранбениот смер им беше претставен Винчини развојниот центар, како место кое ќе биде дел од нивната секојдневна настава, односно место каде ќе обавуваат практична работа.

“Учи паметно, работи стручно“