Борко Ампов од Макпрогрес за неговото искуство од модулот Оперативен менаџмент

Прочитајте го искуството на Борко Ампов од Макпрогрес за неговото искуство од модулот Оперативен менаџмент при Академијата за извршни директори.

Со сигурност можам да кажам дека модулот Оперативен менаџмент беше одлично искуство. Часовите беа многу добро структуирани и водени од страна на инструкторката Фросина Мешкова која има големо искуство и страст за предметот.

Нешто што посебно се истакна се практичните примери, Фросина направи одлична работа во поврзување на теоријата со сценаријата од реалниот свет. Видовме многу примери како принципите на оперативниот менаџмент успешно се применуваат во различни индустрии, а тоа го направи материјалот поинтересен и јасен, и ми помогна да разберам како да го применам она што го научив во мојата работа.

Часовите беа многу интерактивни со многу дискусии и работа во групи. Ова ми овозможи да учам од моите соучесници кои со своите различни мислења и искуства дополнително ги збогатија предавањата.

Со задоволство би ги препорачал предавањата во Прогресив Академијата на сите оние кои сакаат да ги подобрат своите знаења и вештини во нивниот бизнис сектор.