Маја Бојаџиева од МАКОМ ТРЕВ ПЛУС ДОО – Увоз-Извоз-Радовиш за нејзиното искуство од модулот Човечки ресурси и управување со таленти

Прочитајте го искуството на Маја Бојаџиева од МАКОМ ТРЕФ ПЛУС ДОО – Увоз-Извоз-Радовиш за нејзиното искуство од модулот Човечки ресурси и управување со таленти при Академијата за извршни директори.

Иновативна програма со уникатен спој на широк спектар од практики на терен и теорија за развивање на ефективни методи на Успешно менаџирање и водење на Бизнис е тоа што имавме чест и задоволство како Прва генерација да го следиме и да го стекнеме на првата Акредитирана Академија Progressive за Извршни Директори од страна на врвни инструктори и професори.

Meнаџмент со Човечки Ресурси и менаџмент на таленти со Проф. Др. Ирина Мајовски е еден од модулите кој ќе ве надополнат со знаење и збир од добри практики за современ и стратешки пристап кон нај драгоцениот капитал со кој располагаат компаниите, а тоа се луѓето. Со нивна примена не само што би се зголемил квалитетот на работната изведба, туку и би се стимулирало напредок на вработените а воедно и ефективна продуктивност на работната организација.

Свесни сме дека современите услови на живот и работа од менаџерите бараат многу знаење и вештини, како и голема мотивација за доживотно учење во континуитет кое прераснува во корисни алатки за успех, затоа за Ваш перспективен Прогрес и напредок најтопло Ви ја препорачувам Академијата Progressive за Извршни Директори!  – изјави Маја Бојаџиева од МАКОМ ТРЕВ ПЛУС ДОО – Увоз-Извоз-Радовиш