Прочитајте го искуството на Панче Стоименовски од МЕБЕЛ ВИ Виница за неговото искуство од модулот „Финансии“ при Академијата за извршни директори.
За да функционираме ефективно во овој свет на брзи промени, неопходно е активно следење на сите трендови и постојано надоградување на сопствениот сет на вештини. Континуираното учење го отвора умот и го менува вашиот став преку градење врз она што веќе го знаете.
Модулот Финансии кој извонредно го претстави проф. Д-р. Билјана Ангелова, ни даде една нова перспектива на финансискиот менаџмент, и беше одлична можност да се погледнат нови и релевантни алатки за анализа на финансиските извештаи, финансиско одлучување и портфолио менаџмент.
Целокупниот програм на Академијата за извршни менаџери е креиран како успешен спој помеѓу практично учење од докажани ментори и теоретски дел за унапредување на лидерските вештини. – изјави Панче Стоименовски, директор за маркетинг и продажба на Мебел Ви Виница.