Инструктор: Наташа Ивановска и Билјана Велевска
Управувањето со човечките ресурси на стратешко и оперативно ниво
- Основни концепти и практики на МЧР
- Вертикална и хоризонтална усогласеност на стратегијата на МЧР
- Улогата на линискиот и топ менаџментот во управувањето со човечките ресурси
Емоционална интелигенција – креирање работни средини со висок учинок , според методологијата на Genos International
- Важноста на емоционалната интелигенција ЕИ од аспект на современиот пристап на лидерство на високо продуктивни тимови
- Препознавање на ефектот на ЕИ на продуктивноста
- Моделот за ЕИ на работно место на Genos International – шест клучни компетенции
Мотивирање и задржување на вработени од различни генерации
- Специфики и потреби на различните генерации вработени (X-Y-Z) со фокус на најновата генерација вработени – GEN Z. Техники и пристапи за интеграција на различните генерации вработени
- Воведување на нови вработени на работно место со менторски програми и менторство; планирање и развој на кариерни патеки во компанијата
- Избор и развој на ментори – одлики на идеалниот ментор.
Препознавање и раководење на различни стилови во тимот, со DISC Flow методологијата
- Вовед во DISC Flow Методологијата од аспект на потребите на различните комуникациски стилови
- Интерактивна вежба за самопроценка со препознавање на личниот комуникациски стил
Управување со организациски промени
Развојот на компанијата низ призмата на креирање и управување со промените – поврзување со визијата, мисијата и вредностите на компанијата.
Промени водени од визија и “платформа која гори”
- Концептот на промени водени од визија – конкретни примери од учесниците и согледувања како овој концепт поддржува промени
Седум чекори на воведување на промена
- Разработка на седумте чекори на воведување промена преку работа на Студија на случај. Препознавање на улогата и потребата на секој од овие чекори
Совладување на отпорот кон промени и креирање интерес и посветеност
- Извори на отпор кон промени
- Стратегии за предвидување на можниот отпор
Управување со конфликти и задржување фокус на промените
- Концепт на конфликт според моделот на Портер
- Можни покренувачи на конфликти – тригери при воведување промени
- Препознавање на влегувањето во втората фаза на конфликтот и потребата од самозаштита
Ефикасно лидерство во светот кој постојано се менува
- Менаџмент и лидерство – разлики, сличности и употреба за реализација на компаниските цели
- Функции на менаџментот и фокус на секоја од нив со цел запазување на сите аспекти на успешно реализирање на задачите
- Одликите на идеалниот лидер во новото време – самопроценка и план за развој