Билјана Марковиќ Стаменова
Академски директор, Академија за претприемништво и менаџмент, Прогресив Фондација и директор на PrimePoint Partners
Без разлика дали сте менаџер или сопственик на семејна компанија, постојаната надградба на знаења и вештини е од суштинско значење за задржување на конкурентноста на компаниите и ефективно управување. Ако се фокусирате кон лична надградба и отвореност кон нови знаења, тоа ќе ви овозможи да ги гледате предизвиците како можности за развој, да градите синергии со заедницата и да создавате додадена вредност за вашата компанија.
Во рамки на Академијата за претприемништво и менаџмент развивме сеопфатна програма која овозможува наградба на техничките и лидерските вештини. Обработуваме клучни теми како што се развој на одржлива бизнис стратегија, управување со семејни компании, ефективни бизнис процеси и анализа на финансиски извештаи. Исто така, зборуваме и за теми како што се бизнис планирање, организациска трансформација, дигитализација и вештачка интелигенција, маркетинг и продажба, и управување со таленти.
Лидерите со техничко и инжинерско образование, преку надградба на своите бизнис и меки вештини како ефективна комуникација, емоционална интелигенција, менторство и коачинг, стекнуваат алатки за поефективно да ги управуваат своите тимови, да поттикнуваат иновации и да се справуваат со транзициите во менаџментот – особено во семејните компании.
Во Академијата за претприемништво и менаџмент, веруваме дека најуспешните лидери се оние кои се посветени на континуирано образование. Доживотното учење поттикнува флексибилност кон новите услови за работа, прилагодливост на промени и брзо делување, што се клучни особини во динамичната бизнис средина. Инвестирањето во вашето образование е инвестиција во вашата иднина.
Повеќе детали во однос на наставната програма и уписот на кандидати има на следниот ЛИНК.