Четвртиот модул кој го следат пријавените кандидати на Академијата за извршни директори е „Иновации преку напредни технологии“, кој го предава инструкторот Виктор Митревски.
Виктор Митревски е магистер по софтверско инженерство со над 15 години работно искуство во ИТ индустријата и работел како Менаџер за инженерство, Технички советник и Извршен директор на две технолошки компании. Програмата на Модулот за иновации преку напредни технологии претставува можност за современа едукација со цел постигнување на успешни менаџерски вештини кои во иднина би биле клучни за менаџирањето и понатамошниот раст и развој на компаниите и регионит.
Студентите на модулот за иновации преку напредни технологии имаат можност да ги изучуваат основните технички поими и познавања од најпопуларите технологии во 2022, како и на кој начин да пристапат кон дигитализација на процесите во компанијата во која работат. Дел од темите кои ги изучуваат се работа со технички и дистрибуирани тимови, агилни методологии и нивна примена во индустријата, софтвер и алатки за паметно работење и проектен менаџмент. Сите теми се предаваат низ многу примери од праксата и работа на случаи.