Денес официјално започна првиот час на Академијата за извршни менаџери во новиот иновативен тренинг центар во Виница. Првиот модул кој ќе гo следат пријавените 16 кандидати е „Бизнис стратегија и бизнис планирање“, кој го предава проф. др. Билјана Ангелова.
Проф. Д-р. Ангелова е редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и има повеќе од 30 години консултантско искуство во корпоративниот развој и истражување, особено во делот на финансии. Во период од 2009-2016 година беше директор на Институтот за економии, а од 2016 година е Про-Ректор за финансии, инвестиции и развој на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Им посакуваме голем успех на студентите запишани во првата генерација на Академијата 2021-2022.