Едукативна посета на ученици од Еразмус+ преку проектот “Учење и предавање на природни науки и математика преку ИКТ”

Врз основа на потпишаниот меморандум за соработка од страна на СОУ” Љупчо Сантов” – Кочани, беше организирана едукативна посета на ученици од Италија, Шпанија и Полска преку програмата на Еразмус+. Целта на посетата беше претставување на иновативниот едукативен – развоен центар во Виница, како одличен модел на институција која ќе придонесе до јакнење на постоечките и креирање и создавање на квалитетни кадри за компаниите во регионот и пошироко.

На настанот свое обраќање имаше Марко Ѓоргиевски, Директорот на Националната агенција за едукативни образовни програми и мобилност, кој на учениците им ги претстави сите можности на програмата од Еразмус+.  Исто така на посетата беше разговарано и со генералниот директор на компанијата Макпрогрес, Глигор Цветанов,  како основач на овој иновативен тренинг центар за можностите за понатамошна плодна соработка и поддршка на двете институции.