Иво Хасе – глобален експерт во менаџмент и бизнис доаѓа во Прогресив Академија

        Инвестирајте во Вашиот Успех со Иво Хасе и Менаџмент 3.0!

Со гордост ви ја претставуваме уникатната можност за подобрување на вашиот бизнис и менаџмент потенцијал!

         Иво Хасе e искусен меѓународен тренер со фокус на “Лидерство”, “Менаџмент и Лидерство”, “Комуникации”, “Управување со Проекти” и “Работни Методологии”, и тоа истовремено во Германија и меѓународно за различни организации и институции. Меѓу нив се мали и средни претпријатија, меѓународни компании, Јуниорскиот собир на Германија, Јуниорскиот собир Интернационал, Гете Институтот, ИСВА, неколку странски трговски комори, политички организации како и разни универзитети и колеџи. Иво Хасе во 2017 година бил член на Извршниот одбор на Федералната Управа на Јуниорска Економија на Германија, каде што бил одговорен за одделот “Обука”. Исто така, бил член на образовниот комитет на DIHK.

Во моментов е член на тековното пленарно собрание на Потсдамската Трговска и Индустриска Комора, каде што учествува во комитетот за надворешна трговија и комитетот за продолжено образование. Исто така, е претседател на Управниот одбор на Фондацијата за стручни квалификувани работници за Бранденбург.
Како тренер и предавач Иво Хасе во последните години е активен – освен многу обуки во Германија – и во Унгарија, Иран, Чешка, Кипар, Мароко, Малта, Шпанија, Босна и Херцеговина, Србија, Украина, Полска, Хрватска, Шкотска, Латвија, Уганда, Јужна Африка, Танзанија, Косово, Кина, Египет, Швајцарија, Сирија, Монголија и Либан.

          Сега, тој ги споделува своите знаења со вас, првпат во Прогресив Академија  во Македонија!

Постојат многу модели и теории за менаџмент и сите звучат одлично. Проблемот е што има многу теорија, кои не секогаш знаеме како да ги примениме во практични термини. На пример, што конкретно може да се направи во вторникот попладне за подобро работење со вашите колеги? На луѓето им требаат акциони совети, работи кои можат да ги започнат следната недела. Тука влегува Менаџмент 3.0.

                Менаџмент 3.0 не е уште една рамка, тоа е мислење, работење заедно со постојана збирка од игри, алатки и практики што се менуваат, за да помогнат на било кој работник да ја менаџира организацијата, особено:
 ✓ менаџмент на перформанси

✓ тимска колаборација и управување со проекти

✓ развивање на цел и вредност внатре во организацијата

✓ организациска хиерархија

✓ развивање на компетенции

✓ агилна методологија

✓ самоорганизација и делегирање

✓ управување со промени и организациска трансформација

Што ќе добиете:

  • Споделување на искуства и најдобри практики од различни деловни сектори.
  • Инсајдерски поглед во светските трендови и техники во менаџментот.
  • Практични алатки за успешно управување со предизвиците во бизнисот.

Менаџмент 3.0 Обука:

  • Датум: 29-30 март
  • Локација: Прогресив Академија, Виница
  • Време: 10:00 – 18:00 часот
  • Цена: 390 евра

🔗 Пријавете се овде: Линк за пријавување
Инвестирајте во вашата кариера и бизнис – Иво Хасе го одбираат успешните!