Надоградете ги вашите лидерски вештини: Програма за претприемништво и менаџмент за извршни директори / менаџери во склоп на Прогресив Академија

Едукацијата, истражувањето и амбициите во животот се клуч за успех за професионален кариерен развој на една индивидуа. Надградбата на менаџерското знаење е клучна за успешното водење на компанијата. Со растот на технологиите, глобализацијата и конкуренцијата, сопствениците на компании, раководителите, менаџерите и сите оние кои сакаат да напредуваат мораат да се надградуваат со нови знаења и вештини за да ги водат  компаниите кон успешен и продуктивен развој.

Надоградувањето на менаџерското знаење е од критична важност за успешното одржување на бизнис операции. Академијата за извшрни менаџери претставува квалитетен образовен програм кој нуди напредна едукација во техничкото знаење, истражувачки и развивачки активности. Ова е еден од најефективните начини за подобрување на вештините и компетенциите на менаџерите во денешното бизнис опкружување.

Академијата за Извршни менаџери на Прогресив е место каде што менаџерите можат да стекнат нови знаења и вештини, нуди квалитетни програми со интерактивни наставни методи, симулации, персонални модули за развој и обука, како и истражувачки и развојни активности. Предавачите на академијата се искусни професионалци, професори и менаџери со богато работно искуство во своите области.

Академијата е отворена за сите компании, од мали до големи, семејни и стартап компании,  како и индивидуалци кои сакаат да го подобрат своето знаење. Почитувањето на критериумите за упис е задолжително и притоа вклучува континуирана желба за јакнење на сопственото знаење, желба за личен раст и развој, јакнење на лидерските капацитети на своите вработени, зголемување на продуктивноста на работно место, како и раст за самите компании, а покрај сето ова е потребно учесниците да имаат завршено и соодветно образование. За повеќе детали за упис во програмата обратете се на тел: 072-279-942

Преку учество во програмата на академијата, менаџерите ќе имаат можност да научат за најдобрите практики и модели на менаџмент, да развијат и ги надградат своите вештини, да ги усовршат во работата со луѓето, да работат со големи количества податоци и да се борат со предизвиците во бизнисот. Конечниот резултат е подобрување на перформансите на компанијата и зголемување на конкурентноста на пазарот.

Академијата за Извршни менаџери е единствена акредитирана програма од ваков тип на нашиот пазар. Секој од кандидатите кој успешно ќе ја заврши програмата ќе се стекне со сертификат, кој ќе биде верифициран од МОН.

Програмата трае 9 месеци и се состои од 8 модули кои ги покриваат сите сегменти на бизнис менаџмент и со кои постојните и идните претприемачи и менаџери ќе ги развијат своите вештини, знаења и компетенции за водење на бизнис во сите негови сегменти –  бизнис стратегии, бизнис планирање, менаџмент на промени, финансии, оперативен менаџмент, иновации и технолошки развој, маркетинг и продажби, менаџмент на човечки ресурси и лидерство базирано на вредности.

„Возбудени сме што растеме и сме препознаени како одличен образовен систем во Македонија.Нашата цел е да им обезбедиме на менаџерите вештини и знаења што им се потребни за да успеат во денешниот бизнис пејзаж кој брзо се менува. Ние веруваме дека Програмата за Извршни Менаџери ќе биде непроценлив ресурс за менаџерите кои сакаат да останат понапред од кривата и да ги одведат своите организации во нови височини.

Нашата академија има врвни професори- инструктори, а учесниците ќе имаат можност да се вклучат во интерактивни дискусии, студии на случај и симулации, како и да добијат персонализиран тренинг и повратни информации“- изјавија од Академијата.

Во тек е уписот кој трае од април-август 2023 година за третата генерација слушатели која започнува од септември 2023. Обуката се одржува два пати месечно – во деновите петок и сабота со траење на предавањата од 6 часа на ден.

За да дознаете повеќе за програмата и како да аплицирате, посетете ја Веб-страницата https://www.progressive.org.mk/opis-na-programata/