Апликацијата за упис на кандидати, кои ќе бидат дел од втората генерација на учесници за следење на програмата за “Претприемништво и менаџмент за извршни директори” е отворена од 04.04.2022 г. и истата ќе трае до 31.05.2022 година.
Уписот во Академијата е отворен за сите кои се стремат да достигнат високи позиции во својата кариера и да ги развиваат и јакнат своите менаџерски капацитети преку уникатна програма со врвни предавачи, интерактивни предавања, симулации, алатки за личен раст и развој, а сето тоа овозможено преку избор на наставни модули според најновите т.е последните светски трендови кои се неопходни за успешно водење бизнис на глобално ниво.
Бидете и Вие дел од првата сертифицирана програма за „Претприемништво и менаџмент за извршни директори“, при што секој учесник кој успешно ќе ја заврши програмата ќе се стекне со сертификат кој е верифициран од страна на МОН и ЦОВ.
Повеќе детали може да погледнете на www.progressive.org.mk
Пополнете ја апликацијата за упис на следниов линк: https://forms.gle/NtHDjtgyVxJpLJgo6
Критериуми за упис во програмата за претприемништво и менаџмент за извршни директори:
- Во програмата може да земат учество сите кандидати кои ќе се пријават на отворениот повик и ќе ја пополнат апликацијата за упис.
- Учесниците треба да имаат завршено високо образование.
- Да имаат минимум 5 години работно искуство од кои минимум 3 години искуство на менаџерски позиции.
Критериуми за евалуација на кандидати:
- Селекцијата на учесници ќе ја извршува одбор формиран од обучувачите и програмскиот директор на академијата, според претходно утврдени критериуми.