Предновогодишен собир во Прогресив Академија

На 15.12.2023г. во просториите на Прогресив Академија се одржа предновогодишен собир, на кој беа претставени активностите и резултатите на Академијата во периодот од 2019 – 2023. Дополнително, беа најавени и идните едукативни програми кои академијата ќе ги имплементира почнувајќи од 2024 година во соработка со ЕБРД и консултантската компанија PrimePoint Partners.

Присутните имаа можност да дознаат повеќе за кратките курсеви за развој на менаџмент вештини наменети за сите заинтересирани кои сакаат да ги унапредат свои вештините поврзани со ефективно управувањето на бизнисите како AI, Six Sigma, дигитализација, подготовка за извоз, мотивација на вработените, преговарање, итн. Од 2024 година, овие кратки курсеви ќе бидат на располагање на сите алумни и сите заинтересирани учесници.

Дополнително, во партнерство со водечки компании од прехранбениот сектор, планирани се обуки за пекар-кондитор со кои треба да се намали јазот меѓу потребите на компаниите и она што го поседуваат луѓето во регионот. Обуките ќе ги предаваат врвни технолози и инженери, а ќе бидат наменети за сите кои сакаат да се преквалификуваат или доквалификуваат во прехранбената индустрија.

Оваа иницијатива има за цел да ги подготви учесниците да одговорат на новите бизнис предизвици, да овозможнат поврзување, размена на знаења и искуства. Сигурни сме дека пред нас се уште многу успешни години на учење, иновации и партнерства. Секогаш можете да бидете дел од нашата заедница на знаење и напредок!