Успешно заврши и последниот модул “Лидерство и успешна деловна комуникација базирана на вредности“ при Прогресив Академија

Лидерство и успешна деловна комуникација базирана на вредности е осмиот и последен модул кој имаа можност да го слушаат учесниците во програмата за претприемништво и менаџмент за извршни директори во склоп на Фондација Прогресив Академија.

Билјана Марковиќ Стаменова беше извонреден предавач кој на едноставен начин успеа да ги пренесе и доближи своите знаења и искуства на првата генерација учесници во првата сертифицирана академија во РСМ.

Честитки за сите учесници кои беа дел од оваа акредитирана академија.

Уписите за втората генерација учесници се отворени и траат до 15.08.2022 година. Пополнете ја апликацијата во прилог на следниот линк и искористете ја можноста да учите од најдобрите!