Со задоволство споделуваме дека успешно заврши oбуката со втората група учесници во склоп на Виничини Академијата, овој пат за специјалисти за управување со опрема.
Обуката за специјалисти за управување со опрема е една од стручните обуки при Винчини Академијата која е дел од Прогресив Фондација, и има за цел да донесе подлабоки знаења во специјализирана област. Специјалистите за управување со опрема ќе ја осознаат организацијата на одделот за одржување како и нивните работни задачи и обврски, ќе го осознаат вистинското значење на водењето на записи и параметри во секојдневната работа, ќе ги дознаат деталите за пакувањето на кондиторските производи и правилата кои важат, ќе научат што се дефекти на машини, а што е застој во производството и како да се спречат и накрај ќе дознаат што значи оптимизацијата на процесите и зашто е важна истата. Практично ќе се запознаат со системот со QR кодови кој е имплементиран во компанијата, како и ќе учестуваат при симулација на рекламација од купувач или рекламација кон добавувач. Во склоп на обуката ќе се одржи и кајзен ден кој подразбира теориско предавање за кајзен методологијата, разгледување на низа реални примери за примена на оваа методологија како и практична работа со примена на кајзен методологија.
Винчини Академијата ќе ги развива човечките ресурси на Макпрогрес и поширокиот регион. Учесниците ќе ги унапредат нивните технички вештини преку воведната обука, обуката за пекари, обуката за специјалисти за управување со машини и обуката за чоколатиери.
Честитки на сите учесници кои се дел од Винчини Академијата.