Со задоволство споделуваме дека официјално заврши третиот модул за Оперативен менаџмент од програмата за претприемништво и менаџмент за извршни директори во склоп на Фондацијата Прогресив академија. Модулот кој го следат пријавените 16 кандидати траеше од 24.12.2021 до 22.01.2022 година. Во подолжение прочитајте го излагањето на Фросина Мешкова, предавач за Оперативен менаџмент и технички експерт на PrimePoint Partners за своите искуства од предавањето на Прогресив Академија за Извршни Менаџери
-“Бидејќи ја имав таа чест да учествувам во поставувањето на темелите на Прогресив фондацијата, изворно ја слушнав визијата за формирање на академија за извршни директори. Таа визија на Макпрогрес која го опфаќа развојот на целиот регион, а не само на компанијата Макпрогрес, со поддршка на консултантската куќа PrimePoint Partners како и ЕБРД и Јапонската влада прерасна во една реалност во која веќе се обучува првата генерација на извршни менаџери. Во срцето на градот Виница, Прогресив академијата ја има идеалната локација за една ваква академија каде кандидатите ќе дојдат и целото внимание ќе го посветат токму на учење, надоградба и вмрежување. Покрај локацијата, модерниот објект комплетно опремен за да ги задоволи сите потреби на академијата, надополнето со гостопримството и топлината на вработените претставува едно совршено пријатно место за учење.
Секако, сето претходно наведено, надоградено со извонредната група на предавачи и од академскиот и од бизнис секор, ја заокружуваат успешната приказна која Прогресив академијата штотуку ја започна.
Модулот за Оперативен менаџмент е третиот модул во Прогресив академијата кој се оджува во времетраење од 24 часа, 4 дена во месецот по 6 часа. Модулот има екстензивна листа на материјали за читање како и богат прирачник кој треба да им служи на кандидатите лесно да се навраќаат на што сè зборувало во текот на модулот, а и подетално да се запознаат со темите од интерес.
Првата генерација учесници на академијата во модулот Оперативен менаџмент навлезе како веќе оформена кохерентна група која веќе има своја динамика на дејстување. Кандидатите поседуваат големо искуство и секогаш се расположени несебично да ги споделат сопствените искуства и со тоа допринесуваат секоја дискусија да добие пореална слика. Сите кандидати без исклучок имаат истакната желба за надоградба како и порив за добивање на максимален бенефит од модулот. Предефинираните групи, како и ново создадените групи кои се користат за групна работа предвидена со модулот, функционираат доста кохезивно и отворено, што овозможува лесна комуникација и отвреност при споделувањето на информациите.
Посебна заинтересираност покажаа за најновите трендови во секоја од темите кои се обработуваат во модулот, што само ги потрврдува нивните лидерски способности кои секако треба да го красат потенцијалниот извршен директор кој ќе произлезе од оваа академија.”