На 30.03.2022 на посета во „Макпрогрес” Виница беа студентите од Бизнис Академија Смилевски (БАС). Истите имаа можност да ја слушнат успешната приказна за формирање и развој на компанијата, која е водечки производител на кондиторски производи во Југоисточна Европа, извозник во повеќе од 60 земји на 5 континенти и важи за една од најуспешните компании во Република Македонија.
Практиканската наставна програма по предметот Претприемништво им отвори широки хоризонти на студентите за тоа како функционира деловниот свет и како се пласираат бизнис планови и идеи на пазарот. Предавачи во рамки на програма беа: Глигор Цветанов -Сопственик и Генерален менаџер на Макпргорес Виница(инспиративен говор) , Маја Цветанова -Директор за маркетинг во Макрпогрес (опис на компанијата и историјат), Александра Кирилова – Директорка на Прогресив Академија (претставување на развоен центар), Трајче Димитров -Технолог за контрола на квалитет и сензорна анализа (претставување на лабораторија за сензорна анализа,единствена во Македонија), Мирослав Драганов –Маркетинг директор во Widnet solutions (јавно говорење), Пенка Мукаетова – генерален менаџер на Консалтинг интер груп(поставување и развој на бизнис модел ).
Студентите од БАС Академијата имаа можност да учествуваат во Креативна кујна каде што подготвија слатки – колачи, кои се дел од широката палета на производи на компанијата.