Фондацијата „Прогресив Академија“ оствари средба со Марија Конеска, управител на Консалтинг за човечки ресурси ДООЕЛ од Скопје

Фондацијата „Прогресив Академија“ оствари средба со  Марија Конеска, управител на Консалтинг за човечки ресурси ДООЕЛ од Скопје на која беа претставени програмите на Фондацијата како и стратешките определби за развој на едукативните програми.

На состанокот беше дискутирано за  стратешката HR програма, односно како HR менаџментот може да биде стратешки насочен кон организацискиот развој на компаниите се со цел да се покренеме на ниво на конкретна стратегија и да ги видиме сите аспекти на функционирање на компанијата, да се навратиме на целите кои ги има и зошто постои, па тоа да го пренесеме на вработените.  

Дополнително тимот на Фондацијата Прогресив Академија ја истакна улогата на развојнито центар за заедницата и беа претставени поволностите и иновативните содржини со кои располага овој кампус.

Можноста за соработка на Фондацијата Прогресив Академија и Консалтинг за човечки ресурси ДООЕЛ ќе биде организациски развој во координација со вработените. Фондацијата беше претставена од Александра Кирилова, директор на „Прогресив Академија“, Камелија Апостолова, асистент за комуникации на „Прогресив Академија“.