Фондацијата „Прогресив Академија“ оствари средба со Петар Ѓоргиевски – Претседател на МРР, Весела Ламбевска-Домазетова и Ана Дамовска како претставници на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија – имплементатор на УСАИД „Програма за развој на заедницата“ на која беа претставени програмите на Фондацијата како и стратешките определби за развој на едукативни програми, бизнис акцелерација и активности за развој на заедницата.
На состанокот беше дискутирано за целите за одржлив развој на руралните средини преку зголемена вклученост на локалните актери во препознавање и приоретизација на вистинските потреби на заедницата. Дополнително тимот на Фондацијата Прогресив Академија ја истакна улогата на Винчини развоен центар за заедницата и беа претставени поволностите и иновативните содржини со кои располага овој кампус.
Можноста за соработка на Фондацијата Прогресив Академија и УСАИД „Програма за развој на заедницата“ ќе биде катализатор на развој, како одржлив модел кој потоа може да се реплицира и унапредува во други географски подрачја или тематски сектори. Фондацијата беше претставена од Александра Кирилова, директор на „Прогресив Академија“, Камелија Апостолова, асистент за комуникации на „Прогресив Академија“ и Билјана Марковиќ Стаменова, директор на консултантската компанија PrimePoint Partners и водечки експерт за развој на капацитетите на Фондацијата.