Успешно заврши обуката за специјалисти за чоколадо при Винчини Академија

Со задоволство споделуваме дека успешно заврши уште една обука во склоп на Виничини Академијата, овој пат за специјалисти за чоколадо. Обуката имаше за цел да ги подготви следните обуки за чоколадо кои ќе се одвиваат во периодот што следи.

Обуката за специјалисти за чоколадо е една од стручните обуки при Винчини Академијата која е дел од Прогресив Фондација, и има за цел да донесе подлабоки знаења за технологијата за преработка на какао, односно технологијата за производство на чоколадо. Специјалистите за чоколадо ја совладуваат суштината на сите состојки кои се користат при производство на чоколадо и ги осознаваат видовите на чоколадо и деталите за секој од нив. Обуката ја опфаќа технологијата на преработка на какао зрно, како и технологијата за преработка на чоколадни производи. Подетално се слушаат основите на контролата на квалитет и сензорната анализа за чоколадните производи, а практично ќе се работи на развој на нови производи во пилот постројката на Академијата каде учесниците ќе може да ја покажат својата креативност.

Винчини Академијата ќе ги развива човечките ресурси на Макпрогрес и поширокиот регион. Учесниците ќе ги унапредат нивните технички вештини преку воведната обука, обуката за пекари, обуката за специјалисти за управување со машини и обуката за чоколатиери.

Останете со нас за да дознаете за следните специјализирани обуки на Винчини Академија.”