Билјана Марковиќ Стаменова е ко-основач и директор на консултантската компанија PrimePoint Partners која е вклучена во целосна имплементација на формирање на Прогресив Академија и сите едукативни програми во склоп на Академијата. Билјана, преку работата на извршни позиции во невладини организации, консултантски проекти и менторски ангажмани, има стекнато големо искуство во поддршка на растот на компаниите преку трансфер на знаење, градење лидерски и менаџерски капацитети, бизнис планирање, пристап до финансирање и интернационализација.
Билјана Марковиќ Стаменова го води Модул 8 Успешна деловна комуникација и лидерство базирано на вредности. За да дознаете повеќе за модулот, повелете информации ТУКА.