Фросина Мешкова е технолошки инженер, магистер по деловна администрација, со кариера од 18 години во приватниот сектор на неколку раководни позиции во меѓународни компании во секторот за храна и технологија. Таа има основано две стартап компании засновани на нови иновации. Фросина е водечки технички експерт за спроведување на техничките обуки на Макпрогрес како дел од Академијата Винчини, која ги вклучува следниве одговорности: обука на обучувачи, развој на наставна програма и спроведување на програмата. Таа исто така работи како консултант за управување со снабдувачки синџири специјализиран за производствени компании.
Фросина Мешкова го води Модул 3 – Оперативен менаџмент во програмата на Менаџмент Академијата. За да дознаете повеќе за модулот, повелете информации ТУКА.