Проф. Д-р Ирина Мајовски е вонреден професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со 15 годишно искуство во високото образование. Главното поле на истражување на Проф. Мајовски е во областа на менаџмент на човечки ресурси. Ирина има значително искуство со предавања во областа, но и во изработка на научно-истражувачки меѓународни и национални проекти, како и апликативни проекти за потребите на бизнис секторот. Градејќи ја својата професионална кариера работела и
на имплементација на проекти финансирани од ECHO, EAR, UNHCR, KfW, како и во неколку приватни фирми.
Проф. Д-р Ирина Мајовски го води Модул 7 – Менаџмент со човечки ресурси и менаџмент на таленти. За да дознаете повеќе за модулот, повелете информации ТУКА.