АКАДЕМИЈА ЗА
ИЗВРШНИ МЕНАЏЕРИ
програма
Академијата за Извршни Менаџери е дел од Фондацијата „Прогресив Академија“ Виница чија визија е развој на вештини преку квалитетни едукативни програми, унапредување на техничките знаења, акцелераторски програми и активности за истражување и развој. Академијата за Извршни Менаџери има за цел да овозможи развој на бизнис лидери преку користење на најновите светски трендови и знаења од областа на менаџментот. Потребата од едукација на менаџери за домашните и странските компании во Македонија е евидентна. За таа цел создадовме уникатна програма со врвни предавачи, интерактивни предавања, симулации, алатки за личен развој и наставни модули според последните светски трендови неопходни за водење бизнис на глобално ниво.
Оваа Академија е првата сертифицирана програма за Извршни Менаџери во Македонија. Секој од кандидатите кој успешно ќе ја заврши програмата ќе се стекне со сертификат, кој ќе биде верифициран од МОН. Наставната програма се состои од 8 модули кои ги покриваат сите сегменти на бизнис менаџмент и со кои постојните и идните претприемачи и менаџери ќе ги развијат своите вештини, знаења и компетенции за водење на бизнис во сите негови сегменти – бизнис стратегии, бизнис планирање, менаџмент на промени, финансии, оперативен менаџмент, иновации и технолошки развој, маркетинг и продажби, менаџмент на човечки ресурси и лидерство базирано на вредности.
Академијата за Извршни Менаџери ќе биде отворена за сите компании во Македонија, мали, средни и големи бизниси, семејни компании, старт ап фирми, студенти, како и поединци кои сакаат да ги надоградат своите знаења. Со оваа обука учесниците ќе се стекнат со меки вештини и когнитивни вештини за логично, интуитивно и креативно размислување како и со зајакнување на нивниот авторитет, ориентираност кон креативно размислување и развој на иновации, развој на нивниот професионален интегритет и ориентација кон развој на нови идеи и процеси кои се напредни во контекст на нивната работа.
Нашата визија е развој на менаџерски капацитети и градење на идни лидери преку програма која ги следи најновите светски трендови, со што ќе дадеме свој придонес во развој на бизнис секторот во Македонија. ПРИКЛУЧЕТЕ НИ СЕ!

1 | Модул 1: Бизнис стратегија и бизнис планирање | 16 часа/месечно | 10 часа/месечно | |
2 | Модул 2: Менаџмент со промени | 16 часа/месечно | 10 часа/месечно | |
3 | Модул 3: Оперативен менаџмент (производство и логистика) | 16 часа/месечно | 10 часа/месечно | |
4 | Модул 4: Иновации преку напредни технологии | 16 часа/месечно | 10 часа/месечно | |
5 | Модул 5: Продажба и маркетинг | 16 часа/месечно | 10 часа/месечно | |
6 | Модул 6: Финасии | 16 часа/месечно | 10 часа/месечно | |
7 | Модул 7: Менаџмент на човечки ресурси | 16 часа/месечно | 10 часа/месечно | |
8 | Модул 8: Успешна деловна комуникација и лидерство базирано на вредности | 16 часа/месечно | 10 часа/месечно | |
Вкупно часови | 128 | 80 | ||
Вкупно (вкупно часови теоретска и практична настава) | 208 |
наставна програма
Модул 7: Meнаџмент со Човечки Ресурси и менаџмент на таленти
Инструктор: Проф. Др. Ирина Мајовски
Модул 8: Успешна деловна комуникација и лидерство базирано на вредности
Инструктор: Билјана Марковиќ Стаменова
УПИС
За учество во програмата, кандидатите треба да се пријават најдоцна до 15 август, 2023 година и нивната пријава да биде одобрена од жири комисијата. Одредени критериуми кои се потребни да бидете дел од Прогресив Академијата се пред се, Вашата желба за јакнење на сопствените знаења, искуство на раководна менаџерска /позиција, како и завршено соодветно образование. Цената за упис изнесува 1900 евра за сите модули, со задолжителни 100 евра уплата за упис во програмата, по учесник. За сите Ваши дополнителни прашања, можете да не контактирате на овој број: 072 279 942
Се што треба да направите за да аплицирате е да го пополните апликациониот формулар и заедно со вашето CV да ја испратите на prijava@progressive.org.mk