ПРОГРАМА ЗА ИЗВРШНИ МЕНАЏЕРИ
ПРЕДЛОГ ЗА ПАРТНЕРСТВО
Прогресив Академијата е иновативен тренинг центар кој ќе овозможи градење на вештини и одржлив развој за Македонија. Во склоп на Академијата, ќе има програма за Извршни Менаџери со цел обучување на менаџери со најновите светски тренодви и знаења, со посебен акцент на меките вештини и менаџерски капацитети кои се неопходни за извршните директори.
Од суштинско значење за развојот на регионот е меѓусебното партнерство!
Прогресив Академијата нуди можности за партнерство кое би имало взаемни придобивки.Со цел да се придонесеме кон развојот на човечките капацитети во компаниите и со тоа индиректно да го развиеме економскиот сектор во источниот регион на Македонија, ги предлагаме следните можности за партнерство.
ПРОГРАМАТА ЗА ИЗВРШНИ МЕНАЏЕРИ на Прогресив Академија ќе се одржува во најновиот тренинг центар во Виница, каде од истакнати предавачи и практична работа, учесниците ќе можат да ги добијат следните знаења:
- Бизнис стратегија и Бизнис планирање – Како да се преточат стратегиските и оперативните цели на менаџментот во објективен бизнис план
- Менаџмент со промени
- Оперативен Менаџмент (производство и логистика)
- Иновации преку напредни технологии
- Продажба и маркетинг
- Финансии
- Meнаџмент со Човечки Ресурси и менаџмент на таленти
- Успешна деловна комуникација и лидерство базирано на вредности.
ВО ДЕЛОТ НА ПРАКТИЧНА РАБОТА ЌЕ БИДАТ ОРГАНИЗИРАНИ:
- Работни посети на компании
- Групни презентации
- Инспиративни говори
- Симулации
- Работа на случаи (case study)
- Натпревари
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА:
- 9 месеци – во модули од неколку часови неделно
- Уписи: април – Август 2023
- Селекција на кандидати: Август 2023
- Почеток на програмата: Септември 2023
- Обуката се одржува два пати месечно – во деновите петок и сабота со траење на предавањата од 6 часа на ден
- Натпревари
ОБУЧУВАЧИТЕ ЌЕ БИДАТ ИСТАКНАТИ ПРОФЕСОРИ, ЕКСПЕРТИ ВО ОБЛАСТИТЕ НА ПРОГРАМАТА КАКО ШТО СЕ:
- Проф. д-р Биљана Ангелова, Проректор за финансии, инвестиции и развој на УКИМ
- Сашо Трипуновски, Бивш извршен директор на Johnson Controls Automotive Македонија и директор во повеќе регионални корпорации
- Ацо Ѓорѓиевски, Бивш извршен директор за Бизнис во NESTLE PROFESSIONAL ADRIATIC
- Фросина Мешкова, Бивш извршен директор на меѓународни компании од прехранбен и технолошки сектор
- Проф. Др. Ирина Мајовски, Економски институт Скопје, УКИМ
- Виктор Митревски, Бивш извршен директор на странски ИТ компании во Македонија
- Зоран Мартиновски, Бивш директор на IFC World Bank за Македонија и Црна Гора
КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА:
- Во Програмата може да земат учество учесници кои ќе се пријават на отворениот повик
- Учесниците треба да имаат завршено високо образование, да имаат минимум 5 години работно искуство и минимум 3 години искуство на менаџерски позиции и да покажуваат интерес за учество
- Селекцијата на учесници ќе ја извршува одбор формиран од обучувачите и програмскиот директор според претходно утврдени критериуми
ПРОГРЕСИВ АКАДЕМИЈА МОЖНОСТИ ЗА ПАРТНЕРСТВО
ГОДИШНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ОБУКИТЕ ВКЛУЧУВА
- 1 учесник 1200 евра (редовната цена на обуките е 1400 евра)
- 2 учесници 2000 евра
- 3 учесници 2600 евра
3 ГОДИНИ ПАРТНЕРСТВО ЗА ОБУКИТЕ ВКЛУЧУВА
- 1 учесник 1000 евра
- 2 учесници 1800 евра
- 3 учесници 2400 евра
* Задолжителна уплата за упис во програмата изнесува 100 евра по учесник.
ПРИДОБИВКИ НА ПАРТНЕРИТЕ НА ПРОГРЕСИВ АКАДЕМИЈА СЕ:
- Учество на член од вашиот тим во врвна програма за ТОП МЕНАЏМЕНТ во МАКЕДОНИЈА
- Вмрежување и учење со други менаџери, наградба на знаењата и размена на искуства
- Членство во Алумни клуб
- Промоција на компанијата со лого и веб страна како официјален партнер
- Иницирање дополнителни соработки и вмрежување
За да закажете состанок со нас и дознаете повеќе за придобивките на партнерството, Ве молиме испратете ни маил на info@progressive.org.mk или контактирајте не на овој телефонски број 072 279 942.
Програмата ќе има ограничен број на учесници, резервијате го своето место на време !
СО ПОЧИТ,
ПРОГРЕСИВ АКАДЕМИЈА