НАШИОТ ТИМ

АЛЕКСАНДРА КИРИЛОВА

ИЗВРШНА ДИРЕКТОРКА​

Александра Кирилова по занимање е дипломиран психолог при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје. Во компанијата Макпрогрес работи 8 години, од кои 2 години во сектор производство, додека останатите 6 години, како раководител на сектор угостителство. Со својата посветеност и работа, Александра успева да го подигне нивото и успешноста на овој сектор во регионот. За неа е вистински предизвик да се биде дел од компанија која ги следи светските стандарди, која е општествено одговорна компанија и која постојано вложува во своите вработени. Александра ги остварува своите идеали во компанијата Макпрогрес, а нејзината позиција како “Директор на Фондација Прогресив Академија” ќе биде следен предизвик да презентира уште еден успешен “бренд”на Макпрогрес.

БИЛЈАНА МАРКОВИЌ СТАМЕНОВА

ПРОГРАМСКИ ДИРЕКТОР НА АКАДЕМИЈА ЗА ИЗВРШНИ МЕНАЏЕРИ​

Билјана Марковиќ Стаменова е ко-основач и директор на консултантската компанија PrimePoint Partners која е вклучена во целосна имплементација на формирање на Прогресив Академија и сите едукативни програми во склоп на Академијата. Билјана, преку работата на извршни позиции во невладини организации и консултантска фирма, има стекнато големо искуство во спроведување на проекти за економски развој насочени кон поддршка на растот на компаниите преку трансфер на знаење, градење лидерски и менаџерски капацитети, пристап до финансирање и интернационализација. Билјана е водечки консултант за подготовка на Академијата за Извршни Менаџери, преку избор на предавачи, изработка на силабус, практична работа, итн.

ФРОСИНА МЕШКОВА

ДИРЕКТОР НА АКДЕМИЈА ЗА ТЕХНИЧКИ СТРУКИ

Фросина Мешкова е технолошки инженер и има магистратура по деловна администрација, со повеќе од 18 години искуство во приватниот сектор, на неколку раководни позиции во меѓународни компании во секторот за храна и технологија. Фросина е основач на две стартап компании кои се засновани на иновации. Таа е водечки технички експерт за спроведување на техничките обуки на Макпрогрес како дел од Академијата Винчини, која ги вклучува следниве одговорности: обука на обучувачи, развој на наставна програма и спроведување на програмата. Таа исто така работи како консултант за управување со ланци на добавувачи специјализирани за производствени компании.