Обука за специјалисти за кондиторско пекарство

АЛЕКСАНДРА ТРАЈКОВА

ВОДИЧ НА ОБУКАТА

Александра  има дипломирано на “Технолошко металуршкиот” факултет во Скопје на насока Прехранбена технологија и биотехнологија, модул Прехранбена технологија. Живее во Виница, а во компанијата “Макпрогрес” работи 4 години, од кои три како контролор за квалитет. Моментално работи во секторот истражување и развој.

За обуката

Обуката за специјалисти за кондиторско пекарство е обука која има за цел слушателите на
оваа обука да добијат подлабоки знаења за кондиторското пекарство. Специјалистите за
кондиторското пекарство ќе ја совладаат суштината на сите состојки кои се применуваат во
кондиторското пекарство, ќе ги осознаат деталите за различите видови теста покрај
теориски и преку практични замеси, ќе се запознаат со преливите, филовите и посипите во
кондиторската индустрија теориски и практично. Подетално ќе слушнат за основите на
контролата на квалитет и сензорната анализа, а практично ќе работат на развој на нови
производи во пилот постројката на Академијата каде ќе може да ја покажат својата
креативност. Секој од слушателите на обуката ќе има можност во времетраење од 4 часа
да го набљудува било кое работно место во склоп на компанијата со цел детално
спознавање на работењето на компанијата и од аспект на друга работна позиција. После
положениот испитен тест, секој вработен добива сертификат за завршена обука.