ПРОГРАМА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО И МЕНАЏМЕНТ
уписи
Уписите за четвртата генерација на кандидати започнуваат на 4ти септември и траат до 20ти октомври.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните критериуми:
• три години искуство на менаџерска позиција
• завршено средно четиригодишно образование
За пријавување треба да пополните формулар на следниот ЛИНК и да испратите ваше CV на prijava@progressive.org.mk. Вашата пријава ќе биде разгледана и одобрена од жири комисија.
Цената за упис изнесува 1,500 Евра за сите модули. При упис, треба да се изврши уплата од 100 Евра како депозит за процесирање на пријавата. Остатокот од 1,400 Евра се плаќаат дополнително, со можност за рати. Во цената се вклучени материјали за учество, кафе пауза и оброк за време на сите предавања.
За упис на повеќе кандидати од иста компанија, следува попуст:
• За двајца учесници од иста компанија, цената е 1,200 Евра по учесник
• За тројца учесници од иста компанија, цената е 1,000 Евра по учесник
* Задолжителна уплата за упис во програмата изнесува 100 евра по учесник.
Пред започнување на предавањата, за сите учесници ќе биде организиран ориентациски час на кој ќе биде претставена програмата, инструкторите и останати важни информации.
За сите Ваши дополнителни прашања, можете да не контактирате на овој број: 072 279 942.