ФОНДАЦИЈА ПРОГРЕСИВ АКАДЕМИЈА

Фондацијата „Прогресив Академија“ е иновативен тренинг центар кој ќе овозможи градење на технички вештини, спроведување на обуки за менаџери за компаниите во регионот и пошироко, организирање на програми за развој на млади професионалци, спроведување на активности за истражување и развој, како и соработка со други едукативни институции со цел трансфер на знаење и одржлив развој за регионот и Македонија.        

ВИЗИЈА

Визијата на Фондацијата „Прогресив Академија“ е креирање на регионален центар за развој на вештини преку високо – квалитетни едукативни програми, програми за унапредување на техничките знаења и напредни истражувачко-развојни активности во прехранбената дејност.

МИСИЈА

Мисијата на Фондацијата „Прогресив Академија“ е развој на кадри и фирми, вклучувајќи ги вработените во Макпрогрес, регионални претприемачи, менаџери, млади и жени, кои ќе служат за унапредување на регионот, преку следните активности:

  • Институт за истражување и развој;
  • Винчини Академија за развој на технички вештини;
  • Академија за Извршни Директори;
  • Програма за бизнис акцелерација за развој на мали и средни компании од регионот

СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ

Зајакнување на можностите за истражувачко-развојни активности преку воведување нова технологија за прехранбена индустрија.

Организирање на обуки за унапредување на техничките знаења и подготовка на млади кадри за вработување во производниот процес.

Организирање на обуки за унапредување на знаењата на извршните директори преку акредитирана програма.

Креирање на програми за бизнис акцелерација наменети за поддршка на старт-ап фирми или мали и средни компании од регионот.

Поддршка на средношколците преку организирање програми за дуално образование, студиски посети на Фондацијата и институтот за развој, можности за практична работа, итн.

Вмрежување и соработка со различни образовни, научни и истражувачки установи, државни органи и јавни служби, меѓународни донатори, едукативни установи, приватниот сектор и невладини организации со цел креирање и имплементирање на високо-квалитетни едукативни програми.