ВИНЧИНИ АКАДЕМИЈА

Обука за основи во кондиторската индустрија
Обуката за основи во кондиторската индустрија е воведна обука во Винчини академијата и претставува воведна обука на која се надградуваат останатите обуки. Наменета е за сите вработени во Макпрогрес кои работат на било која позиција со цел добивање односно зацврстување на основните начела на кондиторската индустрија. Оваа обука е дизајнирана и за сите нововработени во компанијата и служи како еден своевиден водич за запознавање на нововработените со компанијата и со спецификите на кондиторската индустрија.
Темите кои се опфатени во оваа обука вклучуваат:
- Опис на компанијата и производниот асортиман
- Начинот на влез и хигиенските правила на работа во прехранбена индустрија
- Заштита при работа и ракување со машини проследено со симулација за
непредвидена ситуација во производен погон - Хигиена на опрема и практична вежба за чистење на опрема
- НАССР принципите
- Менаџирање со тимови
Обуката за основи во кондиторската индустрија е иницијална обука која мора да ја помине секој кој понатаму планира да го надоградува своето знаење и да постане специјалист за управување со машини, специјалист кондиторски пекар или специјалист за чоколадо.
Обука за специјалисти за кондиторско пекарство

АЛЕКСАНДРА ТРАЈКОВА
ВОДИЧ НА ОБУКАТА
Александра има дипломирано на “Технолошко металуршкиот” факултет во Скопје на насока Прехранбена технологија и биотехнологија, модул Прехранбена технологија. Живее во Виница, а во компанијата “Макпрогрес” работи 4 години, од кои три како контролор за квалитет. Моментално работи во секторот истражување и развој.
За обуката
Обуката за специјалисти за кондиторско пекарство е обука која има за цел слушателите на оваа обука да добијат подлабоки знаења за кондиторското пекарство. Специјалистите за кондиторско пекарство ќе ја совладаат суштината на сите состојки кои се применуваат во кондиторското пекарство, ќе ги осознаат деталите за различите видови теста покрај теориски и преку практични замеси, ќе се запознаат со преливите, филовите и посипите во кондиторската индустрија, теориски и практично. Подетално ќе слушнат за основите на контролата на квалитет и сензорната анализа, а практично ќе работат на развој на нови производи во пилот постројката на Академијата каде ќе може да ја покажат својата креативност. Секој од слушателите на обуката ќе има можност во времетраење од 4 часа да го набљудува било кое работно место во склоп на компанијата со цел детално познавање на работењето на компанијата и од аспект на друга работна позиција. После положениот испитен тест, секој вработен добива сертификат за завршена обука.
Обука за специјалисти за управување со опрема

АЛЕКСАНДАР АТАНАСОВ
ВОДИЧ НА ОБУКАТА
За обуката
Обуката за специјалисти за управување со опрема е обука чија цел е слушателите на истата да добијат подлабоки знаења за управувањето со опрема. Специјалистите за управување со опрема ќе ја осознаат организацијата на одделот за одржување како и нивните работни задачи и обврски, ќе го осознаат вистинското значење на водењето на записи и параметри во секојдневната работа, ќе ги дознаат деталите за пакувањето на кондиторските производи и правилата кои важат, ќе научат што се дефекти на машини, а што е застој во производството и како да се спречат и накрај ќе дознаат што значи оптимизацијата на процесите и зашто е важна. Практично ќе се запознаат со системот со QR кодови кој е имплементиран во компанијата, како и ќе учестуваат при симулација на рекламација од купувач или рекламација кон добавувач. Во склоп на обуката ќе се одржи и кајзен ден кој подразбира теориско предавање за кајзен методологијата, разгледување на низа реални примери за примена на оваа методологија како и практична работа со примена на оваа методологија. Секој од слушателите на обуката ќе има можност во времетраење од 4 часа да го набљудува било кое работно место во склоп на компанијата со цел детално спознавање на работењето на компанијата и од аспект на друга работна позиција. После положениот испитен тест, секој вработен добива сертификат за завршена обука.
OБУКА ЗА СПЕЦИЈАЛИСТИ ЗА ЧОКОЛАДО

АЛЕКСАНДРА ЕФТИМОВ
ВОДИЧ НА ОБУКАТА
Дипломиран инженер технолог на студиската програма ,,Прехранбена технологија и биотехнологија’’ на универзитетот св ,,Кирил и Методиј” во Скопје. Дипломира во 2012 година како студент на генерацијата, а своето работно искуство во Макпрогрес го започнува како студент на пракса.
По завршувањето на студиите се вработува во Макпрогрес на позиција технолог на производните линии за подоцна своето стекнато знаење и искуство го применува во секторот за истражување и развој како менаџер. Во овој сектор таа придонесува за развој на нови производи како и модификација на постоечките со цел производство на квалитетен и безбеден производ за потрошувачите.
За обуката
Обуката за специјалисти за чоколадо е обука која има за цел слушателите на оваа обука да добијат подлабоки знаења за технологијата за преработка на какао, односно технологијата за производство на чоколадо. Специјалистите за чоколадо ќе ја совладаат суштината на сите состојки кои се користат при производство на чоколадо, ќе ги осознаат видовите на чоколадо како и деталите за секој од нив, ќе ја слушнат технологијата на преработка на какао зрно, како и технологијата за преработка на чоколадни производи. Подетално ќе слушнат за основите на контролата на квалитет и сензорната анализа за чоколадните производи, а практично ќе работат на развој на нови производи во пилот постројката на Академијата каде ќе може да ја покажат својата креативност. Секој од слушателите на обуката ќе има можност во времетраење од 4 часа да го набљудува било кое работно место во склоп на компанијата со цел детално спознавање на работењето на компанијата и од аспект на друга работна позиција. После положениот испитен тест, секој вработен добива сертификат за завршена обука.