ГРАДОТ ВИНИЦА

ОПИС НА ГРАДОТ

Општина Виница се наоѓа во Источна Македонија и ја сочинуваат градот Виница и уште 16 населени места. Општината има 19.938 жители и површина од 334 км2 и е составен дел на источниот плански регион. Го зафаќа југоисточниот дел од Кочанската Котлина. Од јужната страна е ограничена со северните падини на планината Плачковица, а на исток со падините нa планината Голак. Општинскиот центар е градот Виница. Местоположбата на Општината овозможува добра поврзаност со соседните општини во регионот. На јужната и источната страна доминираат планините Плачковица со највисокиот врв Лисец (1.754 м) и Голак (до 1.000 м). На падините на овие планини се одвојува ридестиот релјеф од рамниот релјеф кој преовладува во северниот и западниот дел, на надморска височина од 390–450 м, и ги опфаќа долината на реката Брегалница и дел од Кочанската котлина. Во составот на општината влегуваат и 16 села: Блатец, Виничка Кршла, Градец, Грљани, Драгобраште, Истибања, Јакимово, Калиманци, Крушево, Лаки, Лески, Липец, Пекљани, Трсино, Трстија и Црн Камен.

Сместувачки капацитети и ресторани :

Знаменитости

Во околината на Виница и во самиот град постојат следниве археолошки наоѓалишта: Виница – населба од средниот век, Пазариште – населба од римското време, Виничко кале – утврдена населба од доцноантичкото време каде се пронајдени автентични теракотни икони од ранохристијанскиот период, Горица – населба од доцноантичкото време и старохристијанска базилика, Ила – некропола од железно време.

Легенда за името

Името Виница потекнува од зборот ВИНО, бидејќи подрачјето на Виница во минатото било познато по своите лозови насади. На теракотните икони пронајдени на локацијата Виничко Кале името на градот е запишано како Винеа или Винце.Според локалната легенда името настанало во период од неколку сушни години кога наместо со вода, куќите биле градени со вино.

Места кои мора да ги посетите во Виница:

Кале, Музеј Теракота, Крст, Црква св. „Архангел Михаил“, Црква св. „Јоаким Осоговски“, Плоштад „Ангел Винички“,
Градски Парк, Собрание, Дом на култура