Одбор на директори

AЛЕКСАНДАР ЦВЕТАНОВ
Александар Цветанов е роден на 06.08.1947 година во с. Мокрино, Струмица. Средно училиште завршува во Струмица, а Виша педагошка школа во Штип. Од 1969 година се преселува во Виница каде што работи како наставник по Биологија и Хемија, а подоцна и на различни комерцијални позиции во неколку компании. Во 1990 година ја основа Макпрогрес најпрвин како трговска компанија која подоцна под негово водство прераснува во една од најголемите прехранбени индустрии во Македонија. Денес е се уште активен и е дел од Управниот одбор на Макпрогрес и ги следи стратешките цели на компанијата со посебен осврт кон финансиите и човечките ресурси. Во својата работа има добиено повеќе награди и признанија како долгогодишен член на раководството на Стопанската Комора на Македонија. Живее во Виница, оженет и татко на две деца и дедо на шест внуци.

ГЛИГОР ЦВЕТАНОВ
Глигор Цветанов е роден на 28.10.1973 година во Виница. Средно училиште завршува во Скопје, дипломира Менаџмент на Факултет за Економија и организација на претприемништво и е магистер по Психолошки науки. Својата професионална работа ја има отпочнато уште на 20 годишна возраст во семејната компанија Макпрогрес ДОО Виница во која ги поминува скоро сите работни позиции. Денес е на позиција Генерален Директор во Макпрогрес Виница една од најголемите прехранбени индустрии и најголем извозник на храна од Македонија. За време на професионалната работа се има дообразувано на повеќе домашни и странски менаџерски школи од кои најзабележителни се Cornell универзитетот во Америка и Top class школата за менаџери. Заради големата желба за дополнително учење и доградување во областа на технологијата на храна има посетувано обуки во најголемите Институти за развој на храна на Cargill во Франција и Белгија и во Институтот на Puratos во Белгија од каде има стекнато знаење и искуство во пекарската и кондиторската индустрија. Редовно посетува светски саеми во областа на работењето каде што црпи креативни идеи кои ги имплементира во работата.

ЕЛЕНА ГЕРАСИМОВА
Елена Герасимова е диполомиран правник на пет годишни правни студии – Правосудна насока со положен правосуден испит. Од 2011 год. до 2019 год. е вработена во Извршителска канцеларија како стручен соработник од каде преминува во Макпрогрес ДОО Виница на работното место Правен советник.

ВЛАТКО ТАСЕВ
Влатко Тасев е дипломиран Економист, отсек финансии со постдипломски студии на факултетот на Економски науки отсек маркетинг и менаџмент. Моментално е извршен директор во компанијата Мебел-Ви од Виница. Вклучен е во давање придонес кон подобра локална заедница како член на Ротари клуб Кочани Виница и активно е вклучен во многу добротворни организации и мисии.

МИРО ФАТАЛ
Миро Фатал е дипломиран економист, отсек финансии. После дипломирањето работи како продажен менаџер во МЗТ- Пумпи, Скопје. Од ноември 2008 година вработен е во Шпаркасе банка Македонија АД Скопје. Во моментот е на работно место Раководител на Експозитура Кочани и Виница. Има големо искуство и познавање од банкарското работење, амбициозен и секогаш подготвен за нови предизвици.