Потпишан Меморандум и Договор за соработка со СОУ “Ванчо Прке“ од Виница

Макпрогрес Доо Виница и  СОУ “Ванчо Прке“ од Виница потпишаа меморандум и договор за соработка кој ќе има за цел воспоставување на соработка на полето на образованието и науката помеѓу страните пописнички.  Всушност оваа соработка подразбира изведување на практична настава за учениците од СОУ “Ванчо Прке“ – Виница во компанијата “Макпрогрес“ – Виница, како партнер во дуалното образование почнувајќи од учебната 2021/2022 година.

Компанијата “Макпрогрес“ е отворена и согласна за формирање на дуална паралелка и би прифатила ученици од Хемиско-технолошката и машинска струка, од профилите префрамбен техничар, машински техничар и машински техничар за моторни возила.