Отворен ден за учениците од средното општинско училиште Ванчо Прке од Виница во Винчини развоен центар за професионално насочување на матурантите

Макпрогрес им понуди отворени перспективи и можности за вработување на матурантите во општина Виница.

Отворениот ден кој се одржа на 01.03.2022 во просториите на иновативниот развоен центар во рамките на Фондација Прогресив Академија имаше за цел да ги насочи професионално матурантите во високото образование на струки кои се бараат на пазарот на трудот и кои подобро се платени.

Макпрогрес постојано се труди  да ги поддржи, стимулира и мотивира младите амбициозни и талентирани ученици и студенти во нивната едукација и развивање во идни академски граѓани, како идни носители на економскиот и општ просперитет на Македонија.

Матурантите проследија кратки презентации од претставници од Макпрогрес, вработени на различни позиции кои ги споделија своите професионални искуства.

На настанот свое обраќање имаа Маја Цветанова, раководител на сектор маркетинг, Ацо       Лазаров, програмер, Александар Атанасов, раководител на секторот развој и автоматизација, Камелија Апостолова, графички дизајнер, Латинка  Ангелова, раководител на производство, Дејан Јаневски, директор на продажба, Магделена Атанасова, менаџер за контрола на квалитет, Сашко Атанасов, прехранбен технолог, Ивана Данилова, гостин предавач од пекара “ФРИПЕК“, Славчо Анакиевски, практикант од факултет за туризам отсек гастрономија и исхрана во Хотел ресторант „Александар Парк“- Виница, Лилјана Маркова, раководител на сектор човечки ресурси и Александра Кирилова, директор на Фондација Прогресив Академија.