Ацо Лазаров од Макпрогрес за неговото искуство од модулот Бизнис стратегија и бизнис планирање

Прочитајте го искуството на Ацо Лазаров од Макпрогрес Доо за неговото искуство од модулот Бизнис стратегија и бизнис планирање при Академијата за извршни директори.

Овај модул пополнува една празнина во моето формално образование. Предавањата беа на очекувано високо, академскo ниво. Содржината која ја слушавме беше баш тоа што сакав да слушнам за разни пресметки за фиксни и варијабилни трошоци при планирање на цени на чинење на одреден производ, а секако и разчни модели на финанскиски планирања, SWOT анализа, правење на бизнис план, буџетирање, извештај за готовински тек и др.
Чест и задоволство е да се учи од најдобрите предавачи кои се вклучени во Прогресив Академија. Голема благодарност за Проф. Биљана Ангелова и за нејзиното успешно излагање за модулот Бизнис стратегија и бизнис планирање. Сите оние кои имаат желба да ги збогатат своите знаења и да напредуваат во својата кариера, топло им препорачувам да бидат дел од успешната приказна на Прогресив Академија.