Прочитајте го искуството на Блаже Барлески од ДОНИА ДООЕЛ Прилеп за неговото искуство од модулот „Финансии“ при Академијата за извршни директори.
“Уникатната наставна програма која што се реализира во Академијата за извршни менаџери (дел од Фондацијата “Прогресив Академија“) Ви го овозможува токму тоа: уникатно искуство, интерактивни предавања, практични вежби и симулации на реални настани преточени до нас слушателите од страна на тим од професори и менаџери на големи регионални компании.
Модулот 6 од наставната програма е Финансии, столб на секоја компанија, индикатор за успехот, менаџирање на средства, пари, фондови!
Особена чест ни е што оваа тема ја предава врвен професионалец проф д-р Билјана Ангелова, која што на многу прецизен начин го пренесе дел од своето долгогодишно искуство на нас, слушателите од првата генерација на Академијата.
Активен е упис за нова генерација слушатели. Не расмислувајте, прифатете го предизвикот!“ – изјави Блаже Барлески, управител на Дониа Дооел Прилеп.