Елена Герасимова од Макпрогрес ДОО за нејзиното искуство од Академијата за Извршни менаџери

Елена Герасимова е раководител на правната служба во Макпрогрес ДОО. Таа беше дел од втората генерација на учесници на Академијата за Извршни менаџери на Прогресив. Прочитајте за нејзиното искуство од истата.

Учеството во оваа академија беше за мене неверојатно искуство. Во текот на програмата, имав можност да ги разгледам најсовремените искуства и најдобрите пракси во областа на менаџирањето и лидерството. Преку интеракцијата со врвни предавачи и колеги од различни сектори на бизнисот, стекнав нови знаења и вештини што мојот кариерен развој го подигнаа на повисоко ниво.

Особено силев впечаток ми остави способноста на менторите  да го комбинираат нивното теоретско знаење во практична примена, каде што материјалите за учење и работилниците на предавањата ни овозможија да ги разработиме конкретните вештини потребни за успешно менаџирање на современиот бизнис.

Исто така, најголемо задоволство ми беше да го делам ова искуство со другите учесници, Академијата ни помогна да се вмрежиме, подобро запознаеме, да учиме едни од други и соработуваме и во иднина.

Би сакала да изразам благодарност до Прогресив академија за одлично организираната програма и за пријателската атмосфера што ја креираа во изминатата година. Ова искуство значително влијае на мојот професионален развој и ми ја дава потребната самодоверба и мотивација за нови успеси во иднина.

Со големо задоволство и одговорност, сега сум подготвена да ги применувам новите знаења и вештини што ги стекнав преку учеството во Академијата за извршни менаџери на Прогресив академија како за мој личен раст и развој така и да придонесам за успешен развој на организацијата во која работам.

И Благодарам на Прогресив академија, за ова извонредно искуство и уникатната можноста успешно да ја завршам Академијата за извршни менаџери.