Прочитајте го искуството на Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска од КАМЕЛ 98 ДОО Виница за нејзиното искуство од модулот „Иновации преку напредни технологии“.
Дигиталната трансформација е неопходен услов и незапирлив процес во ова време ако се земат во предвид сите текови на работењето на една компанија.Целта на овој модул е да се научат процесот и техниките за дигитализација, кои треба да овозможат зголемување на продуктивноста на работењето,значително кратење на времето за администрација и поедноставување на работните процеси на компаниите, притоа овозможувајќи долгорочно зголемување на приходите на работењето.Изучувањето на модулот ,,Иновации преку напредни технологии “ не само што ќе донесе вид на вештини и искуства што ги бара секоја организација, туку искуствата од истиот ќе помогнат на нашите компании да растат на било кој начин.
За време траењето на овој модул, инструкторот Виктор Митревски покажа еден уникатен пристап на брзо прилагодување на материјата на нашите можности за да може сите информации ефективно да се анализираат и визуелизираат.Преку неговиот креативен потенцијал ни го пренесе модулот на начин кој ќе го паметиме доста долго и по завршување на академската година.
Појавата на високата технологија, несомнено резултира со голем број на можности за професионално усовршување на кадри и затоа срдечно Ве повикувам да се пријавите кон програмата на Прогресив Академијата за професионален развој. Усовршувањето на кадрите резултира со подобрување и подготвеност на општествениот систем во целина, што особено е важно за една држава да може да помогне во нејзиниот развој.