Прочитајте го искуството на Зоран Симеонов од МАКПРОГРЕС ДОО Виница за неговото искуство од модулот „Продажба и маркетинг“ при Академијата за извршни директори.
“Континуираното усовршување е премногу важно за да биде запоставено, а на секој од нас ни се потребни нови вештини, кои најдобро се стекнуваат на специјализирани тренинзи со непосредна размена на ставови, мислења, практични решенија и искуства од други менаџери. Токму ова го нуди Прогресив Академијата, која е прва акредитирана академија за Извршни Менаџери во нашата земја,со внимателно одбрани предавачи, универзитетски професори и менаџери на познати светски компании, кои несебично го споделуваат своето знаење и искуство, ни овозможуваат да го надоградиме нашето знаење со лидерски вештини кои ќе ни помогнат да се соочиме со најголемите предизвици.
Во денешната бизнис околина и модерни организации, кога роковите се пократки, купувачите попребирливи, а конкуренцијата посурова од кога и да е, посебно интересен модул беше Продажба и маркетинг. Предавачот Ацо ѓорѓиевски докажан ментор во оваа област, успешен менаџер и лидер со меѓународно искуство, со одличниот интерактивен пристап, практични примери и задачи, успеa да го збогати нашето знаење за најважните алатки во модерната Продажба и маркетинг.” – изјави Зоран Симеонов, Директор на корпоративен развој.