Игор Спасовски од ЈП Солидарност за неговото искуство од Академијата за Извршни менаџери

Игор Спасовски е ВД Директор на ЈП Солидарност Виница. Тој е дел од третата генерација на учесници на Академијата за Извршни менаџери на Прогресив. Прочитајте за неговото искуство од истата.

           Би сакал да ја искажам мојата огромна благодарност, задоволство и чест што сум дел од оваа Академија, која има за цел да продуцира менаџери и лидери кои во иднина ќе бидат водечката сила на бизнисот во нашиот регион. Работите кои ќе ги научиме на Академијата ќе можеме да ги спроведеме на нашите работни места и ќе го унапредиме нашето работење со цел да постигнеме подобри резултати на сите полиња.

Во рамки на првиот модул „Лидерство и бизнис стратегија“ стекнавме многу нови знаења и искуства кои добро ќе ни дојдат во нашите фирми, се надевам дека ќе бидам поуспешен менаџер и ќе можам да се спротивставам на сите предизвици и проблеми.

Имам само пофални зборови за двете професорки кои детално ни ги образложија принципите и методите како се станува успешен менаџер, на што треба повеќе да обратиме внимание, на што да се спротивставиме, на кој начин да реагираме во различни ситуации, како да го водиме тимот кон нови успеси и предизвици. Ми се допадна начинот на кој го презентираа сето тоа, а најмногу ми се допадна што за секоја ситуација ни дадоа практични примери од нивното секојдневно работење и искуство што го стекнале низ него, какви проблеми имале, како се справувале со нив, на кој начин ги мотивирале вработените и на крај како дошле до посакуваните резултати.