Ленче Спасова од Камел 98 Виница за нејзиното искуство од модулот Менаџмент со промени

Прочитајте го искуството на Ленче Спасова од Камел за нејзиното искуство од модулот Менаџмент со промени при Академијата за извршни директори.

         Најголемиот предизвик со кој се соочуваме како менаџери, тимови и организации е да бидеме агилни и доволно брзо да може да се адаптираме на зголемената неизвесност, нестабилност, комплексност и брзите промени што настануваат во екстерното окружување.

Модулот Менаџмент со промени што го предава инструкторот Сашо Трипуновски, кој има богато работно искуство од оваа област, не учи како да ги развиеме токму тие менаџерски вештини и способности за секоја фаза на процесот на управување со промените за да може да се адаптираме доволно брзо за да одговориме на зголемената неизвесност и сложеност околу нас.

Постапувајќи на нови начини и размислувајќи за лидерство со промени, можеме подобро да одговориме на брзите промени и да создадеме работни места што навистина им овозможуваат на луѓето да напредуваат,затоа што како што е кажано едукацијата е најмоќното оружје што може да се искористи за да се промени светот.