Магдалена Атанасова од Макпрогрес ДОО за нејзиното искуство од Академијата за Извршни менаџери

Магдалена Атанасова е Менаџер за контрола на квалитет во Макпрогрес ДОО. Таа беше дел од втората генерација на учесници на Академијата за Извршни менаџери на Прогресив. Прочитајте за нејзиното искуство од истата.

За да можеме подобро да се справиме со предизвиците и умешно да се адаптираме на промените со кои се соочуваме на професионален план потребно е постојано да вложуваме во своето знаење и да го надоградуваме.

Прогресив академијата, која е првата акредитирана академија за Извршни Менаџери во нашата држава ја нуди таа можност. Знаењето и вештините што ги стекнав на Академијата се драгоцени.

Во текот на обуката, инструкторите со неизмерна прецизност и страст го споделија своето длабоко искуство, и тоа не само преку наставни содржини, туку и преку практични примери и вежби.

Се стекнав со алатки кои ми помагаат подобро да ги исполнувам своите задолженија и со поголема увереност  да допринесувам кон успешното управување во мојата организација.

Ја препорачувам Прогресив академијата на секој што сака да инвестира во своето знаење и да напредува.