Мишел Марков од МАКПРОГРЕС ДОО Виница за неговото искуство од модулот ” Продажба и маркетинг”

Прочитајте го искуството на Мишел Марков од МАКПРОГРЕС ДОО Виница за неговото искуство од модулот „Продажба и маркетинг“ при Академијата за извршни директори.

“Живееме во време на глобализација, интернационализација, брзи промени и зголемена конкуренција. Компаниите се соочуваат со голем предизвик да се изборат со новонастанатата ситуација, да ги постигнат планираните цели и остварат колку што може подобри резултати.

Една од најважните конкурентски предности на секоја компанија е обучен кадар со соодветни знаења, способности и вештини кои ќе бидат спремни да се носат со сите нови предизвици.

Прогресив Академијата за извршни менаџери со својата програма и предавачи кои се професионалци во нивната област е правилен избор за секој кој сака да го надогради своето знаење со теорија, практична работа, вежби и многу примери од светски практики и нови трендови.

Таков е случајот и со петтиот модул “Продажба и маркетинг”, каде предавачот Ацо Ѓорѓиевски со своето долгогодишно интернационално и професионално искуство во областа на продажба и маркетинг успеа да ги пренесе на практичен начин своите професионални знаења и искуства, со што сериозно ми ги зголеми знаењата кои во голем дел, и покрај моето долгогодишно раб отно искуство во продажбата ќе бидат применети во моето работење.” – изјави Мишел Марков, Регионален менаџер за извоз.