Шестиот модул кој го следат пријавените кандидати на Академијата за извршни директори е „Финансии“, кој го предава инструкторот Билјана Ангелова.
Проф. Д-р. Билјана Ангелова е редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и има повеќе од 30 години консултантско искуство во корпоративниот развој и истражување, особено во делот на финансии. Во период од 2009-2016 година беше директор на Институтот за економии, а од 2016 година е Про-Ректор за финансии, инвестиции и развој на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Програмата на Модулот Финансии претставува можност за едукација со цел постигнување на успешни менаџерски финансиски вештини кои во иднина би биле клучни за менаџирањето и понатамошниот раст и развој на компаниите и регионот.
Студентите на модулот за Финансии имаат можност да го изучуваат современиот пристап на Финансискиот менаџмент, како и на кој начин да прават анализа и толкување на финсиски извештаи, а исто така ќе биде опфатен и оперативниот и финансиски левериџ. Сите теми се предаваат низ многу примери од праксата и работа на случаи.