При вчерашната посета на компанијата Макпрогрес и Фондација Прогресив Академија од страна на претставници на источен плански регион и тим лидер и експерт за социјални претпријатија Г-ѓа Барбара Садовска беше претставен Проектот за социјални претпријатија.
Проектот е поддржан од Европска унија и министерство за труд и социјална политика, а целта на вчерашната средба беше идејата за создавање на социјални претпријатија во нашата држава, односно да се стави акцент на ранливи категории на лица, маргинализирани групи како и на лица со попреченост во развојот.
Овој проект за социјални претприемачи нуди можност за компаниите да ги вклучат ранливите категории на луѓе при изработка и производство на даден продукт, (од идеја до изведба) и на тој начин компаниите да бидат потпомогнати со грантови преку Европска Унија за набавка на опрема за производство на краен производ, се со цел да во работниот процес и општеството бидат вклучени и ранливи категории на лица. Секој заслужува да добие шанса за подобар живот, а пред се да развие чувство на припадност.